Крихмаер најдобар во Кицбил, слаб ден за фаворитите

Винсент Крихмаер е победник на спуст трката во австрискиот ски-центар Кицбил како дел од сезоната во Светскиот куп во алпско скијање. Домашниот натпреварувач до победата стигна со време од 1:56.16 минута што беше за 23 стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Италијанец, Флоријан Шнајдер кој со висок стартен број (43) стигна до подиумот.

Подиумот го надополни Швајцарецот, Нилс Хинтерман со заостанување од 31 стотинка зад времето на победникот.

Најдобрите скијачи во светскиот куп Марко Одермат и Александер Омот-Килде имаа многу грешки на патеката и на крајот не успеаја да завршат меѓу водечките. Норвежанецот Омот-Килде заврши како шеснаесетти, додека лидерот во генералниот пласман Одермат не ни стигна до поени.

Се вчитува...