Полските репрезентативци полни со оптимизам ги стартуваа подготовките за дуелот со Македонија, што „црвено-белите“ на 7 јуни ќе го играат во Скопје. Во последен момент поради повреда од комбинација отпадна првиот голман Шчешни, но Полјаците се убедени дека ќе успеат да стигнат до цел плен и во пресметката со нашиот национален тим.
„Секако дека е непријатно кога ќе останете без важен играч пред еден репрезентативен циклус. Шчешни е лидер кој ќе ни недостига, но од друга страна верувам дека нашата големина е во тоа што можеме да го надополниме сечие отсуство. Имаме шест бода, а сакаме по јунските средби на салдото да имаме 12, за да направиме нов чекор напред кон пласманот на ЕП 2020“ – изјави Григор Криховијак, поранешниот фудбалер на Севилја и ПСЖ кој минатата сезона ја мина во Локомотива Москва.
Полска во првото коло од квалификациите на гостински терен ја совлада Австрија со 0-1, по што следеше победа пред своите гледачи над Летонија од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА