Крис Фрум непожелен на Тур Д’ Франс

Организаторот на велосипедската трка, Тур Д’ Франс, не ја прифатил пријавата на Крис Фрум за учество на годинашното издание. Британецот кој е четирикратен освојувач на Тур Д’ Франс има неразрешен допинг спор со Светската велосипедска федерација, па организаторите на трката околу Франција решиле да го блокираат неговото учество со образложение дека сакаат да го сочуваат имиџот на престижниот настан.

Фрум иако беше во процес на истрага, учествуваше на годинашното изднаие на Џиро Ди Италија и триумфираше. Спорниот примерок поради кој е обвинет се однесува на тестирање на ланското издание на Вуелта каде што Британецот исто така беше победник. При проверката, Фрум имал двојно повеќе од дозволената доза на лек за астма. Случајот е кај Арбитражниот суд во Лозана.

Екипата на Фрум, Скај, експресно вложи жалба кај организаторите на Тур Д’ Франс. Конечната одлука ќе биде донесена во вторник, четири дена пред почетокот на натпреварувањето.

Се вчитува...