Крис Фрум ослободен од обвинувањето за допинг

Крис Фрум е ослободен од обвинението за користење допинг. Интернационалната велосипедска федерација реши да го прекине случајот против него кој беше поведен поради позитивен допинг тест на минатогодишното издание на Вуелта. Кај Фрум беше пронајдено двојно повеќе од дозволеното количество лек за астма. УЦИ денеска кратко информираше дека одлуката била донесена врз основа на „експертски мислења“.

33-годишниот Фрум изјави дека е среќен што конечно овој проблем ќе го стави зад себе.

„Ова беа тешки девет месеци. Им благодарам на сите што ме поддржуваа и кои што веруваа во мене“ – рече Фрум кој е еден од ретките велосипедисти што имаат врзани победи на сите три најголеми трки од календарот.

Британскиот велосипедист сега веројатно и ќе си го поврати правото да учествува и на  Тур Д’ Франс. Организаторот на трката вчера соопшти дека е блокирана неговата пријава токму поради случајот за допинг. Сега е извесно дека четирикратниот победник на престижната трка околу Франција ќе може да учествува на натпреварувањето.

 

Се вчитува...