Криштопанс е најдобар ракометар за месец јуни во Европа

Даинис Криштопанс имаше месец за паметење во јуни, откако со Вардар стигна до нова европска титула, а потоа и ја отведе Летонија до прво учество на еден европски шампионат. Затоа, „џинот“ на „вардарци“ апсолутно заслужено се закити со признанието за најдобар европски ракометар за месец јуни, награда што ја доделува ЕХФ.

„Секако дека оваа награда е голема чест за мене. Во ракометот играат бројни врвни играчи, токму јас да бидам избран за најдобарво Европа ми причинува големо задоволство. Ова беше моја најдобра сезона. Ако се земат во предвид сите проблеми, фактот дека бевме отпишани од сите, задоволството да се испише историја беше неверојатно. Можам само да му се заблагодарам на мојот тим, среќен сум што сум дел од едно толку големо семејство“ – изјави Криштопанс.

И второто и третото место во гласањето припаднаа на членови на Вардар, Игор Карачиќ и Дејан Милосављев.

За најдобра европска ракометарка за месец јуни е избрана Нереа Пења од ФТЦ Будимпешта, пред Хајди Локе од Стромахер и Катрин Клујбер.

Се вчитува...