Криштопанс потпиша за ПСЖ, но …

Даинис Криштопанс и дефинитивно својата кариера ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ, откако летонскиот десен бек денеска и официјално потпиша тригодишен договор со „светците“ од Париз. Францускиот првак потенцираше дека договорот станува активен од јули 2020 година, што значи дека Криштопанс и наредната сезона ќе ја мине во дресот на Вардар, одработувајќи ја последната година од договорот со македонскиот шампион. Сепак, не се исклучува ниту можноста за негова преселба во Париз веќе претстојното лето, доколку се реализираат најавите на дополнително намалување на буџетот во Вардар.

Новата година почнува прекрасно за мене. Среќен сум што потпишувам за ПСЖ и што повторно ќе работам со Раул Гонзалес, кого го сметам за еден од најдобрите тренери во светот. Ќе отворам ново поглавје во кариерата и ќе играм во една од најсилните лиги во светот“ – изјави Криштопанс по потписот на договорот со ПСЖ.

Тој ќе го заземе местото во тимот на Лука Степанчиќ, кој си заминува од редовите на францускиот првак и кариерата ја продолжува во дресот на Пик Сегед.

Се вчитува...