ЕКИПА во Келн,
Катерина Павлова Николовска
Вардар повторно е на тронот на Европа, откако во финалето го совлада Веспрем со 27-24. Еден од најзаслужните за победата на „црвено-црните“ секако е „летонскиот џин“, Даинис Криштопанс кој вели дека целиот овој успех е поради тоа што Вардар е една голема фамилија која игра со срце.
„Ова е бајка… Неверојатно е. Верувавме во нас уште од четвртфиналето со Пик Сегед. Играме со срце, играме како фамилија, како другари. Ова меѓу нас е многу повеќе од ракомет и обично спортско надигрување. Тоа е тоа што ги решава натпреварите, а не тренерите. Секоја чест на Парондо, одлично не подготви, но и тој самиот ни кажа играјте со срце тоа е најважно“ – вели Криштопанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА