Криштопанс: Вардар им должи на сите, а расчистувањето оди многу бавно…

Ланската финансиска криза на Вардар не само што не се реши, туку и уште повеќе се продлабочи. Доказ за тоа е фактот дека се поголем дел од ракометарите отворено говорат за долговите кон нив, група на која се приклучи и Даинис Криштопанс. Летонскиот џин беше избран за спортска личност во татковината, а во интервјуто дадено по приемот на големото признание тој се осврна и на проблемите со кои се соочуваат „црвено-црните“.

„Финансиските проблеми почнаа минатата, а продолжуваат и оваа сезона. Некои ракометари си заминаа, а новиот тим не е толку успешен. Долгот се собира, Вардар им должи на речиси сите, на некои повеќе, на некои помалку. Севкупно гледано, долгот е огромен, проблемите се решаваат, но расчистувањето оди многу бавно“, истакна Криштопанс.

Тој се осврна на најголемиот успех во ланската година, триумфот на Ф4 турнирот во Келн.

“Многу е тешко да се стигне до трофејот во Лигата на шампионите во ракомет. Секој сонува за тоа, но ретко на кој му се исполнува. Отидовме со проблеми во Келн, на хартија важевме за најслаба екипа, но покажавме дека прогнозите на хартија не се секогаш точни. Освоениот трофеј беше награда за вложениот труд, во Македонија бевме третирани како херои по овој успех“, изјави Даинис Криштопанс.

 

Се вчитува...