Кристал Палас го купува Едер од Интер

Англискиот премиерлигаш Кристал Палас посакува да го доведе италијанскиот напаѓач Едер од Интер во своите редови оваа зима. Менаџерот Рој Хоџсон сака да доведе квалитетна замена за Кристијан Бентеке, кој можеби и ќе го напушти клубот.

Кристал Палас е подготвен да плати 10 милиони фунти за ангажман на Едер, а тој сериозно размислува да го напушти „Џузепе Меаца“ затоа што не добива доволно минутажа од Лучијано Спалети. Едер две години е член на Интер, и досега има постигнато 12 гола на 69 натпревари.

Се вчитува...