Македонскиот фудбалски интернационалец Кристијан Наумовски е избран во најдобриот тим на сезоната 2018/19 во првенството на Малта. Голманот на Биркиркара имаше одлични настапи во шампионатот на Малта и сосема заслужено е избран меѓу најдобрите 11, заедно со својот соиграч Мислав Анџелковиќ.
Наумовски претходно градеше интернационална кариера во Хонг Конг, а беше интернационалец и во Романија и во Бугарија.
Биркиркара се пласираше на седмата позиција во првенството на Малта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА