Кристијан Николов останува во МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша нов едногодишен договор со клубот од „Јане Сандански“. Клубот денеска објави дека бил постигнат договор за продолжување на соработката.

Николов ги одигра сите 17 средби за МЗТ во Првата лига минатата сезона и тоа со просек од 7,2 поени, 2,3 скока и 2,9 асистенции, додека настапи и на 21 средба во АБА2-лигата со просечна минутажа од околу десет минути. Николов е седмиот македонски репрезентативец кој ќе му биде на располагање на тренерот Ѓорѓи Кочов во сезоната која доаѓа, со оглед на претходно потпишаните соработки со Дамјан Стојановски, Бојан Крстевски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Адем Мекиќ и Филип Бакоч. На списокот играчи се и тројца странци и тоа Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, како и српскиот интернационалец Андрија Бојиќ.

Се вчитува...