Кристијано Роналдо и официјално доби нов тренер во Ал Наср откако шампионот на Саудиска Арабија денеска го именуваше Енџ Постекоглу за нов шеф на стручниот штаб.
Тој доаѓа на функцијата на местото на Жорге Жезус, кој самиот се повлече од тренерското место веднаш по освојувањето на историската прва титула на Ал Наср по формирањето на моќната саудиска супер-лига.
Во изминатиот период бројни тренерски имиња беа поврзувани со овој клуб, но изборот на крајот падна врз Постекоглу кој потпиша договор на три (две плус една) сезони.
Австралиецот беше без работа една година, откако во сезоната 2024/25 ја освои Лигата на Европа со Тотенхем, по што доби отказ, а „спарси“ имаа сезона за заборав по неговото заминување, менувајќи неколку тренери за на крајот едвај да се спасат од испаѓање.
It’s official: ✍️
Mr. Ange Postecoglou is the new Head Coach of @AlNassrFC 💛
He signed a contract for 2 seasons.Welcome, Gaffer! 🧠 pic.twitter.com/LEStlTdnQy
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) July 3, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
