Кристијано Роналдо – МВП на сезоната во Серија А

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо уште во својата прва сезона во Серија А е избран за МВП на шампионатот. Јувентус доминантно го одбрани „скудетото“, а Роналдо покажа дека е фантастичен фудбалер и во италијанското првенство.

Напаѓачот на Јувентус на 30 натпревари во Серија А постигна 20 гола и забележа осум асистенции. Тој признанието за најкорисен играч во Серија А ќе го добие на утрешниот меч против Аталанта. Тоа ќе биде и последен меч за Масимилијано Алегри на клупата на „старата дама“.

 

Се вчитува...