Кристијано Роналдо нема да се појави на церемонијата на ФИФА зошто нема да биде победник?

Португалскиот ас Кристијано Роналдо нема да се појави на церемонијата на ФИФА за доделување на наградите „The Best“ за најдобрите во изминатата година што треба да започне за половина час во Милано, информираат медиумите на Апенините. Тој одлучил да не присуствува и тоа најверојатно затоа што е јасно дека нема да биде победник. Сепак, официјалното оправдување е дека тој сакал да се одмори поради ситната повреда на мускулот која ќе го спречи да настапи и на мечот против Бреша.

Лионел Меси со семејството веќе пристигна со приватен авион во Милано, а тука е и Вирџил ван Дајк, фудбалерот на Ливерпул, кој е и најголем фаворит за големото признание на Светската фудбалска организација.

Се вчитува...