Кетрин Мајорга (34 години), студентка од Лас Вегас, тврди дека била силувана од страна на Кристијано Роналдо во 2009 година.
Овој скандал го открива германскиот „Дер Шпигел“, кој вообичаено ги открива пикантериите од „Футбол ликс“, од каде е откриен идентитетот на девојката од САД. Според овие информации, Кетрин цело време молчела бидејќи Роналдо во тој период и исплатил 375.000 долари за случајот да не дојде на суд, откако таа го пријавила Португалецот во полиција, по што било утврдено дека навистина станало збор за силување.
Сега таа тврди дека има тешки психолошки последици од силувањето, па решила да проговори. Нејзините адвокати веќе покренале случај за да се укине претходната парична спогодба и судски да го тужат големиот фудбалски ас.
Тие се запознале во ВИП делот од еден ноќен клуб во Лас Вегас, по што во поголемо друштво се упатиле во собата на Португалецот во хотелот Палмс.
„Ме замоли да му го допрам пенисот на 30 секунди. Го одбив и му се смеев бидејќи мислев дека е шега, тој тип е толку познат и згоден за да биде толку луд и перверзен. Ми рече дека ќе ми дозволи да го бакнам, му одговорив дека ќе се бакнеме, но дека се ќе заврши со тоа. Тогаш целиоот се фрли на мене, ме одвлече во спалната соба и се обидуваше да ми ја скине долната облека што ја носев. Само се склопив и се обидов да се бранам, а тој скокна врз мене“ – открива Мајорга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА