Кристијано Роналдо побарал да замине од Манчестер!

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо побарал од раководството на Манчестер јунајтед да го пушти од клубот ако за него дојде примамлива понуда, пренесуваат медиумите во Велика Британија.

Португалецот е подготвен да го напушти „Олд трафорд“ само една година по враќањето во клубот, а наводно пресудило тоа што „црвените-ѓаволи“ не играат во Лигата на шампионите.

Роналдо сака да игра во клуб кој е дел од елитното натпреварување бидејќи од 2003 година не пропушти ниту една сезона на Лигата на шампионите. Иако од Баерн Минхен рекоа дека не се заинтересирани за услугите на Роналдо, сепак германскиот шампион повторно влегува во пол-позиција за неговиот потпис, а во игра е и Наполи на нашиот Елјиф Елмас.

Се вчитува...