Кристијано Роналдо во 2020 година го напушта Јувентус?

Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната 2019/2020, откриваат италијанските медиуми. По неочекуваната елиминација од Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Роналдо бил многу разочаран, по што иако има договор со Јувентус до 2022 година, решил да го напушти клубот две години порано.

Роналдо, сепак ќе има уште една шанса да го освои елитното натпреварување со „старата дама“, на која елиминацијата во четвртфиналето во Лигата на шампионите и нанесе голем финансиски удар. Акциите на клубот на берзата се во голем пад, што директно влијае на буџетот на клубот.

Од друга страна, ако резултатите не дојдат и следната сезона, платата на Роналдо од 30 милиони по сезона, едноставно ќе биде неиздржива и од таборот на тимот од Торино немаат намера да му ја исплаќаат до крајот на договорот.

Роналдо првпат по девет години ги завршува настапите во ЛШ пред полуфиналето, кога во сезоната 2009/2010 неговиот Реал Мадрид во осминафиналето беше елиминиран од Лион.

Се вчитува...