Кристијано: Живеам за вакви натпревари, но ова не е само мое реми

Кристијано Роналдо не ја криеше гордоста од своето извонредно издание против Шпанија, но португалскиот ас посочи и дека заслугите за ова реми мора да се поделат меѓу сите фудбалери, за покажаниот карактер во текот на сите 90 минути.

„Секогаш верувам во мене, работам напорно и живеам за вакви натпревари, но морам да кажам дека ова не е само мое реми. Целиот тим работеше напорно, дадовме се од себе и кога губевме и кога противникот го диктираше темпото. Не се предадовме во ниту еден момент, се жртвувавме, верувавме до крајот и постигнавме и трет гол. Ова е само прв натпревар, игравме против еден од фаворитите и се покажавме во добро светло“ – изјави Роналдо за португалската национална телевизија.

Следен предизвик за Португалија ќе биде дуелот од второто коло против селекцијата на Мароко, која денеска загуби од Иран со 0-1.

Се вчитува...