Норвешка, преку својот шампион екипата на Кристијансанд Виперс повторно владее со европскиот клупски женски ракомет. Норвежанките се нови шампионки на Европа откако славеа во финалето против Брест Бретањ со 34-28 за прва европска титула во својата историја.
Норвежанките одиграа одличен натпревар уште од стартот со водството од 1-5 најавувајќи го трофејот. По предноста од пет гола на полувремето, второто полувреме беше само рутина.
Најдобра во победничкиот тим беше Рејстад со 12 гола, пред Кнедликова со шест, а Локе и Амцен завршија со по четири реализации. Кај Брест, Грос погоди осум пати.
За Норвешка ова е прва титула во Лигата на шампионките по десет години. Последниот норвешки тим на врвот на Европа беше Ларвик во сезоната 2010/11.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА