Кристина Неагу позитивна на Covid-19

Една од најдобрите ракометарки во светот Кристина Неагу, е позитивна на коронавирус, пренесуваат романските медиуми. Минатата недела таа била подложна на хируршка интервенција на рамото, по која два дена морала да мирува, а потоа да почне со тренинзи. Таа требаше да се приклучи  на кампот на романската репрезентација, но поради позитивниот ковид тест тоа нема да се случи.

Неагу во моментов се наоѓа во самоизолација, а бидејќи немала контакт со ниту една од ракометарките од репрезентацијата ниту една од Романките нема потреба да направи корона тест. Сепак, голем проблем е ова за романскиот ЧСМ Букурешт бидејќи викендов ги чека тешко гостување во Норвешка кај Кристијансенд.

Се вчитува...