Кристоферсен најбрз на велеслаломот во Алта Бадија

Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен стигна до победата на велеслаломската трка во светкиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во италијанскиот ски-центар Алта Бадија.

Норвежанецот до победата стигна со неверојатна втора трка и вкупно време од 2:25.04 минути, што беше за 31 стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец, Марко Одермат.

Подиумот го надополни Австриецот Мануел Фелер кој доцнеше 37 стотинки зад времето на победникот.

Се вчитува...