Критики од Капело: Кристијано три години не издриблал никого…

Поранешниот тренер на Милан и на Јувентус, Фабио Капело, го критикуваше Кристијано Роналдо по новото бледо издание на португалскиот ас во дресот на „старата дама“. Втор меч по ред Роналдо одигра далеку под своите стандарди, а Јуве по неговото повлекување од игра стигна до победата.

Вистината е дека Роналдо нема издриблано противнички фудбалер веќе три години. Тоа веќе не се случува, додека ги гледаме Даглас Коста и Дибала како играат за себе и за тимот, креираат шанси. Ако јас бев Сари, ќе го оставев уште на полувреме, ќе му пријдев во соблекувалната и ќе му кажев дека треба да остане таму“ – истакна Капело.

Според трофејниот стратег, уште поразочарувачки е односот на Португалецот по замената.

„Роналдо не играше добро, Сари го замени и со тој потег го доби натпреварот. Сепак, ме загрижува односот на Кристијано, фактот дека не седна на клупата, ниту се поздрави со тренерот, тоа е лоша слика за тимот, нешто што ја нарушува атмосферата. Ако си голем шампион, ќе се однесуваш како таков и кога не ти оди најдобро, не само кога постигнуваш голови“ – порача Фабио Капело.

Се вчитува...