Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој со пендрек го удри Талески

Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој со пендрек по глава го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески по финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, е епилогот по внатрешната контрола на МВР за наведениот случај кој силно ја разбранува домашната спортска јавност.

Македонскиот репрезентативец беше удрен со пендрак во главата од страна на полициски службеник, кој веќе е суспендиран, а по внатрешната контрола покрената е и кривична постапка.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка“ – се вели во соопштението на МВР.

Се вчитува...