Кривокапиќ: РК Охрид ја оствари првата цел, нашите амбиции сега растат

Ракометарите на Охрид утре во последното коло од регуларниот дел од Суперлигата на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Еурофарм Пелистер 2.

Ракометарот на охриѓани Филип Кривокапиќ пред натпреварот вели дека тие ја оствариле првата цел пласман во плејофот од домашниот шампионат, но дека нивните амбиции сега растат и сакаат што подобар пласман на крајот на сезоната.

„Сигурно дека нѐ очекува еден неизвесен натпревар и одлична атмосфера на трибините на кои ќе бидат нашите „Рибари” и навивачката група „Чкембари”. Кога е во прашање екипата на Еурофарм Пелистер 2 секогаш резулатот бил неизвесен. Клучни биле еден или два гола разлика и два пати имаме завршено нерешено. Ова е значаен натпревар како за нас така и за нив. Крајниот исход ќе одчучува дали ние ќе ја задржиме 5 позиција и дали тие ќе де искачат на 3 позиција. Пред сѐ, мислам дека ќе одлучува одбраната. Многу е важно да одиграме јака и цврста одбрана со можност за полу-контра и контра напад до лесни голови. Имавме интезивни тренизи и видео анализа. Ја остваривме првата цел која ни беше зацртана, а тоа беше влез во плеј-оф. Нашите амбиции и желба во клубот да бидеме што погоре на табелата остануваат и понатаму. Се надевам дека ќе победиме и ќе славиме со нашата публика“, изјави Кривокапиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2 кој ќе се игра во салата „Билјанини извори“ е закажан за утре со почеток во 18.30 часот.

Се вчитува...