Криза е во Челси, Сари мора да купува напаѓач

Ремито со Саутемптон уште еднаш ги исфрли на површина проблемите со кои се соочува Маурицио Сари во Челси, поради недостигот на врвен напаѓач во својот тим. Италијанскиот стратег минатиот месец ја промени формацијата, селејќи го Азар како централен напаѓач, но следеше повреда на Педро, потоа на Жиру, за синоќешниот натпревар предвреме да го заврши и Бразилецот Вилијан.

Сари мораше да експериментира во второто полувреме против „светците“, но тоа не вроди со плод и беше освоен само еден наместо планираните три бода. Стратегот на Челси може да смета само на Мората како класичен напаѓач и Азар како крило, па речиси сигурно е дека „сините“ ќе тргнат во офанзива за потпис на најмалку едно квалитетно засилување во текот на летово.

Голема желба на Сари е Гонзало Игуаин, со кого овој стручњак имаше беспрекорна соработка во Наполи. Се водеа и разговори за евентуална размена Игуаин за Мората, но засега преговорите се стопирани, па останува да се види дали Челси ќе ги интензивира или пак вниманието ќе биде насочено кон други трансферни цели на лондонскиот клуб.

Се вчитува...