Криза во Веспрем – намалени платите на Манасков и соиграчите

Европскиот вицешампион Веспрем донесе одлука за намалување на платите на управата на клубот, ракометарите и стручниот штаб. Во период на финансиска нестабилност поради намалување на предвидените приходи, унгарскиот гигант реши сите членови на овој колектив да земат по 25% помала плата за месеците април, март, мај и јуни.

За Веспрем настапува и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, а според раководството на клубот сите ракометари без исклучок ја прифатиле оваа мерка. Воедно, постигната е согласност договорите да бидат исплатени по девизен курс 330 форинти/евро.

Раководството на Веспрем обелодени дека тимот покрај согласноста за намалување на платите успеал да собере и значителна сума на пари и да ја донира во хуманитарни цели, за помош на оние на кој им е најпотребна.

Се вчитува...