Кризата е минато, Вардар пак победува (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентативната пауза беше добредојдена за Вардар, за консолидација на формата, рехабилитација на дел од повредените, па „црвено-црните“ денеска покажаа шампионска игра и рутински славеа над Мешков Брест.

Противникот во минатото знаел да биде незгоден за „вардарци“, но денеска избраниците на Кокшаров одиграа одлично во нападот и заслужено стигнаа до победата. Проблемот со голманите повторно беше очигледен, па Кизиќ со добрата форма се посериозно се наметнува како прва опција, пред индиспонираните Кугис и Гедбан.

Веќе следниот викенд предизвикот ќе биде многу поголем, дуел на домашен терен со Кјелце, но за Вардар најважно во моментов е што кризата е минато.

Се вчитува...