Јувентус ќе ја заокружи 2017 година со вечерашното гостување во Верона, а тренерот Масимилијано Алегри за овој натпревар ќе го врати во стартниот тим Пауло Дибала. Аргентинскиот ас ја грееше клупата на последните неколку натпревари, вклучувајќи ги и дерби пресметките со Интер и со Рома, но Алегри најави дека недоразбирањата се надминати и Дибала ќе се појави од првата минута против „веронезите“.
„Ниту еден фудбалер не сака да биде резерва, но важно е како се прифаќа оваа улога. Пауло Дибала беше смирен, ги увиде грешки, сега знае каде може уште повеќе да напредува. Тој ќе биде во тимот од самиот почеток против Верона“ – истакна Алегри.
Миралем Пјаниќ поради повреда нема да настапи на овој натпревар, приклучувајќи се на листата на отсутни играчи на која се наоѓаат и Буфон, Квадрадо и Де Шилјо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА