Кризен состанок во Наполи, Елмас меѓу првите што си заминаа

Карло Анчелоти е бесен на фудбалерите на Наполи по најновото слабо издание и поразот од Болоња, поради што стратегот на „наполитанците“ го откажал утринскиот тренинг и наместо тоа закажал „кризен состанок“ со своите избраници.

Тој вчера веднаш по мечот со Болоња ги критикуваше играчите истакнувајќи дека главна причина за слабите резултати е нивниот однос на теренот за време на натпреварите. Дискусијата на оваа тема продолжи и на денешниот состанок, кој почнал во 10.30 и траел повеќе од два часа. На него не присуствувал претседателот Аурелио де Лаурентис, кој се наоѓа во Милан на состанок на претставници на лигата, но првиот човек на Наполи му дал целосна поддршка на тренерот Анчелоти.

Медиумите од Неапол објавија дека меѓу првите кои го напуштиле состанокот бил македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, заедно со своите колеги од средниот ред, Фабијан Руиз и Зјелински.

Анчелоти донел одлука тимот од среда да се собере во тренинг-кампот и да остане заедно до сабота, кога Наполи му гостува на Удинезе во новата рунда од „Серија А“, во обид конечно да се најде излез од големата криза.

Се вчитува...