Наполи се наоѓа во криза, а играчите решија отворено да влезат во конфликт со управата на клубот одбивајќи по ремито со Салцбург да се вратат назад во тренинг-базата, наредба што ја имаше дадено претседателот Аурелио де Лаурентис.
Ситуацијата утрово привидно се врати во нормала, откако фудбалерите пристигнаа во „Кастел Волтурно“ за утринскиот тренинг, но се очекува во најскоро време да биде одржан кризен состанок меѓу претставници на играчите, Де Лаурентис и првиот тренер Карло Анчелоти. Трофејниот стратег утрово беше поврзуван со преселба во Бока Јуниорс, но Анчелоти јасно ставил до знаење дека нема намера да си поднесе оставка за преселба во Аргентина бидејќи е целосно фокусиран на работата во Наполи.
Де Лаурентис засега покажува доверба во работата на стручниот штаб и вината ја бара кај фудбалерите, што само по себе создава дополнителна тензија во играчкиот кадар. Калјехон веќе го договорил заминувањето и преселбата во Кина кај поранешниот тренер Рафа Бенитез, а за сличен потег се подготвува и Дрис Мертенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА