Крос не е задоволен: Јас не сум Кашемиро…

Играчите од нападот на Реал Мадрид се најкритикувани за слабиот старт на сезоната на „кралевите“, но еден од оние кои не се на нивото од претходните години е и Тони Крос. Германскиот интернационалец задолжен за организација на нападите е далеку од посакуваната форма, но според Крос тоа се должи на променетата улога што ја има кај новиот тренер, кој од него бара повеќе да учествува во одбраната за сметка на нападот на „кралскиот клуб“.

Ние сме Реал Мадрид и во минатото покажавме дека можеме да излеземе од секаква кризна ситуација. Не сум загрижен, тоа е предизвик за нас заеднички да најдеме излез. Знам дека и јас лично можам многу подобро, но да бидам искрен јас не сум Кашемиро, не сум навикнат да играм толку повлечено во средниот ред. Како и да е, сите ќе работиме напорно заеднички за да излеземе од оваа криза“ – истакна Крос.

Реал Мадрид по репрезентативната пауза ќе го пречека Леванте, по што ќе следи и големото дерби со Барселона на „Камп ноу“.

Се вчитува...