Крос не жали за пропаднатиот трансфер во М. Јунајтед: „Таму немаше да освојам три ЛШ“

Играчот на Реал Мадрид, Тони Крос во 2014 година беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед. Меѓутоа на крајот се одлучил да замине во Реал Мадрид, во клуб во кој стана клупска легенда, и освои три титули Лига на шампиони.

Пред вечерашниот натпревар против Манчестер Сити, Германецот зборуваше за тие моменти, и истакна дека воопшто не му е жал што му пропаднал таков трансфер, и направил вистински избори со трансферот во Реал Мадрид.

„Знаев дека Јунајтед ме сака. Мојс го нагласи ова, и минав одлична вечер со луѓето од тој клуб. Зборувавме за плановите на тимот, и тоа ме убеди. Но, разговаравме и за лични работи со Мојс, за семејството и тоа како го замислуваме семејниот живот. На крајот усно се договоривме за трансфер. Следниот чекор беше да го разгледам градот. Преселбата беше тежок чекор, затоа што во тоа време имав бебе од седум месеци. Не сум човек кој размислува хипотетички. Да, бев блиску до Јунајтед, но на крајот испадна поинаку. Единствено што можам да кажам е дека ако заминев во Манчестер, со сигурност немаше да освојам три титули Лига на шампиони“, рече Крос.

Со тимот од Мадрид тој три пати ја освои титулата во ЛШ, од 2016 до 2018. Претходно го освои трофејот со Баерн Минхен во 2013 година.

Се вчитува...