Крос: Реал има големи шанси да ја освои Ла Лига, Барса е „ранета“ и ослабена

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, даде своја анализа за очекувањата од новата сезона, па напомена дека Реал има голема предност во однос на Барса, осврнувајќи се на трансферот на Лео Меси, кој ги напушти „каталонците“ и се пресели во редовите на ПСЖ.

Крос напомена дека Барселона сега е ослабена и „ранета“, потенцирајќи дека клубот од Каталонија останал без еден од најдобрите фудбалери на светот.

„Ќе видиме како ќе функционира. Нашиот најголем конкурент го загуби најдобриот играч. Можеби уште подобри работи ќе излезат од тоа за Реал Мадрид, ние имаме предност во однос на нив во битката за освојување на Ла Лига“, изјави Крос.

Се вчитува...