Крос: Тешко ќе биде да го надоместиме отсуството на Роналдо

Европскиот првак Реал Мадрид влегува во ерата без Кристијано Роналдо и се уште е прашање како ќе изгледаат „кралевите“ без португалската ѕвезда. Германецот Тони Крос е искрен и смета дека ќе биде екстремно тешко да се надомести неговото отсуство.

„Кога ќе загубите човек кој даваше по 50 гола во една сезона, сигурно дека ќе биде тешко да се надомести неговото отсуство. Кристијано имаше огромно влијание во играта на тимот неколку години, беше одлучувачки фактор на голем број важни натпревари и сигурно дека ќе биде тешко во овој почетен период тоа да го пребродиме. Меѓутоа, Реал Мадрид е голем клуб, составен од одлични фудбалери со победнички менталитет и сигурно дека ќе најдеме модус како да останеме најдобри“, изјави Тони Крос, во пресрет на новата сезона во Примера и во Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо постигна 450 голови за Реал Мадрид на 438 натпревари, а ова лето за 100 милиони евра направи трансфер во Јувентус.

 

Се вчитува...