Крос за тајмингот на мечевите од Ла Лига: Што е ова? Обично спијам во ова време!

Фудбалерот ос средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос даде своја интересна оценка на одлуката на Ла Лига натпреварите од Примера сезонава да се играат и од 22:15 часот, по средноевропско време.

Крос одигра 90 минути во победата на Реал над Гетафе од 2-0, но очигледно беше дека поголемиот дел од фудбалерите беа повеќе од заморни  на крајот од натпреварот…

„Среќен сум за победата. Посреќен сум од што изгледа, но обично спијам во ова време“ – порача Крос по мечот со Гетафе.

На тој начин испрати и индиректна порака до Ла Лига за промена на овие ноќни термини.

Се вчитува...