„Крпена репрезентација“: Брестовац ќе мора да експериментира во новите квалификации

Селекторот Данило Брестовац вчера го објави проширениот список за почетокот на новиот квалификациски циклу и дуелите со Финска на 4 ноември и со Швајцарија на 7 ноември, но денешниот ден донесе огромни главоболки за кормиларот на нашиот национален тим. Имено, македонскиот првак Вардар донесе одлука сите членови на „црвено-црните“ да заминат во самоизолација, што практично значи декa ниту еден од репрезентативците од редовите на актуелниот шампион нема да може да настапи на почетокот од овој квалификациски циклус.

Станува збор за играчи кои со години се стандардни во националниот тим како Стоилов, Ристовски и Гоце Георгиевски, потоа Талески, кого се уште го чекаме да прерасне во нов лидер на репрезентацијата, а од потенцијалните репрезентативци тука се уште и Кизиќ, Јагуриновски, Мишевски и Димитриевски.

Главоболките на Брестовац се уште поголеми ако се знае дека веќе извесно време во самоизолација се наоѓаат и ракометарите на Металург, што значи дека против Финска дефинитивно ќе ја пропуштат и Лазаревски, Велко Марковски и Шилегов.

Причина плус за загриженост внесуваат најавите од Германија дека бундеслигашите сериозно размислуваат да не ги пуштат ракометарите да заминат на репрезентативните собири, стравувајќи од евентуално ширење на коронавирусот по нивното враќање назад во клубовите. Доколку тоа се случи, Македонија ќе биде дополнително ослабена со неиграњето на Кузмановски, Пешевски и Томовски.

Дефинитивно, ситуација која е загрижувачка во пресрет на натпреварите од кои комплетни се надевавме на максимални две победи.

Се вчитува...