Крстајиќ: Бевме наивни, но имаме шанси против Бразил

Србија загуби од Швајцарија со 1-2 откако противникот направи целосен пресврт во второто полувреме со головите на Џака и на Шаќири. Сега селекцијата на нашиот северен сосед се наоѓа во незавидна позиција и ќе мора да оди на победа против фаворизираниот состав на Бразил во последното коло од групниот сегмент.

Селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, смета неговиот тим одиграл наивно во клучните моменти.

„Загубивме на наивен начин. Во првото полувреме бевме подобри и заслужено водевме. Потоа наивно пропуштивме неколку шанси, а уште понаивно го примивме головите. Дали имаше пенал, тоа ќе оставам да коментирате вие новинарите…Сега не очекува мечот со Бразил, кој е голем фаворит. Но, мислам дека имаме шанси. Сега мораме да одиме на победа и го знаеме тоа. За радоста на Џака и на Шаќири? Јас секогаш коментирам само за спортскиот дел од натпреварот“, изјави селекторот на Србија.

Се вчитува...