Крстајиќ е минато, Пикси го презема кормилото на Србија!?

Младен Крстајиќ до крајот на годинава би можел да биде поранешен селектор на Србија, пренесуваат српските медиуми потенцирајќи дека дополнително се вложени односите на релација фудбалски сојуз – Крстајиќ и покрај обезбедениот пласман во Б дивизијата од Лигата на нации.

Како и по обичај, причините за смена на Крстајиќ се неповикување на неколку фудбалери или изолирање на дел од нив. Во конкретниот случај проблемите се околу Матија Настасиќ, Лука Миливојевиќ и Александар Пријовиќ. Српската јавноста не се согласува со одлуката на Крстајиќ воопшто да не ги повикува првите двајца а за третиот воопшто да нема шанса да заигра некоја минута. И првиот човек на ФСС, Славиша Кокеза во изјава за медиумите истакна дека не се согласува со некои одлуки на Крстајиќ, но дека едноставно тој е селектор и не сака да му се меша во работата.

Но, веќе агресивно се навестува смената на Младен Крстајиќ и желбата на ФСС на селекторската позиција да го види Драган Стојковиќ – Пикси.

Крстајиќ засега го чуваат добрите резултати. Но, тие не се гаранција кога се работи за репрезентативниот фудбал во Србија. Тоа најдобро го знае Славољуб Муслин кој стана поранешен откако репрезентацијата ја однесе на Мундијалот во Русија.

Се вчитува...