Крсте Велкоски избран за фудбалер на деценијата на ФК Сараево

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски е најдобриот фудбалер на босанскиот прволигаш Сараево во изминатата деценија. Тој победи во изборот што го направија фановите на клубот.

Капитенот на „бордо тимот“ со Сараево освои четири трофеи, одигра 173 натпревари, постигна 59 голови и запиша 36 асистенции. Во најтесна трка со Крсте Велкоски беше Мерсудин Ахметовиќ, но македонскиот интернационалец доби убедливо најмногу гласови.

Се вчитува...