Крсте Велкоски потпишува за Сараево

Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски е пред враќање во босанскиот прволигаш Сараево.

Велкоски денеска е на финална разговори со раководството на Сараево, па се очекува во текот на утрешниот ден и официјално да стави потпис за враќање во клубот од БиХ.

Македонскиот офанзивец претходно и тоа како успешно го носеше дресот на Сараево, па за кратко време стана омилен меѓу навивачите на Кошево. По Сараево играше за Инчон и Корат, а претходно беше член и на домашните Работнички и Металург.

Се вчитува...