Крсте Велкоски се повреди, отпаѓа за мечевите со Словенија и со Полска

Селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на офанзивецот Крсте Велкоски, капитенот на босанскиот шампион Сараево, за престојните два квалификациски натпревари против Словенија и против Полска.

Велкоски на синоќешниот тренинг на арената „Тодор Проески“ заработил повреда на задната ложа, па по денешните детални лекарски прегледи утврдено е дека нема да може да биде во комбинација за настап. Според најавите Велкоски ќе мора да паузира три недели.

Велкоски е трет репрезентативец кој отпаѓа поради повреда, по Енис Барди и Дарко Велковски, а неизвесно е дали ќе може да помогне и десниот бек од Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски.

Се вчитува...