Крсте Велкоски со Сараево го освои Купот на БиХ против Седлоски и Широки Бријег

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски го крена пехарот во Купот на БиХ, откако во финалето неговиот тим Сараево го совлада Широки Бријег, чиј тренер е Гоце Седлоски. Сараево беше поуспешен во двомечот. На домашен терен славеше со убедливи 3-0, а денешниот реванш го загуби со 1-0.

Велкоски ги повика фановите на Сараево да дојдат на наредниот првенствен натпревар против Звијезда 09 и заедно да го прослават новиот освоен пехар.

Се вчитува...