Крсте Велкоски ја продолжува соработката со Сараево на уште две години

Крсте Велкоски, фудбалскиот репрезентативец на Македонија, не се двоумеше премногу, па уште пред стартот на ЕВРО 2020 реши да го обнови договорот со екипата на Сараево, каде ќе остане и во следните две години.

Соработка со тимот од Сараево заврши со крајот на оваа фудбалска сезона, а босанските новинари откриле дека во КОМЕТ-системот на УЕФА веќе може да се види дека Македонецот потпишал нова соработка до 2023 година.

Велкоски не настапи на првиот пријателски меч на Македонија во пресрет на ЕП против Словенија (1-1), а одигра десет минути во вчерашниот втор дуел против Казахстан.

Се вчитува...