Крстевски: Добивме силна група со квалитетни противници

Чешка, Израел и домаќинот на групата – Естонија се противниците на Македонија во рамки на олимписките претквалификации кои оваа година ќе се одиграат во периодот од 12-20 август.

Своите очекувања ги истакна Бојан Крстевски, стандардното крило на македонскиот сениорски национален состав.

 „Можевме да поминеме и подобро во ждрепката. Добивме силни, квалитетни противници. Еден од нив е домаќинот на турнирот во Талин, селекцијата на Естонија. Но, уште поголем квалитет се и Чешка и Израел, постојани учесници на Евробаскетот. Наша цел на турнирот ќе биде да направиме добра подготовка за она што не чека во евроквалификациите. Да се воиграме уште подобро за новиот циклус во кој се бара место на Евробаскетот”- анализира крилото на нашиот национален тим.

Се вчитува...