Крстевски: Машки издржавме до самиот крај

МЗТ Скопје стигна до осмата титула во последната деценија откако во финалето на овогодишната сезона славеше против Еуро Никел со 3-0. Аеродромци умешно ја користеа подолгата клупа и заморот на противникот за „кршење“ на резултатот во последните минути од средбата.

Еден од оние кои блесна во финалето беше Бојан Крстевски кој го предводеше својот тим во вториот натпревар од серијата со 22 поени, 5 скока и 3 асистенции, а репрезентативецот беше и речиси непогрешлив во  третата средба со 5/6 од поле и 4/4 за три поени.

„Можам да кажам дека сум многу среќен и задоволен што успеавме да стигнеме до двојната круна во една исклучително чудна и тешка сезона со многу прекини, карантини, балони. Честитки до моите соиграчи кои издржаа машки до самиот крај и покрај сите потешкотии“, изјави за ЕКИПА, Бојан Крстевски.

Се вчитува...