Крстевски потпиша за босанскиот прволигаш Крупа

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Страхиња Крстевски својата кариера ќе ја продлжи во босанскиот прволигаш Крупа.

20-годишниот Крстевски, кој потекнува од фудбалската школа на новосадска Војводина а последнава сезона настапуваше за Пролетер Нови Сад во Втората лига на Србија, претходно има настапувано и за Бурирам јунајтед во Тајланд. За Пролетер, офанзивецот на Македонија минатата сезона одигра 21 натпревар, постигнувајќи и шест погодоци.

Крстевски за македонската репрезентација до 18 година има одиграно 8 натпревари и постигнато четири погодоци.

Се вчитува...