На стадионот „Кукуш“ во Турново, утре тимот на АП Брера го пречекува тимот на Работнички. Според страгегот на Брера, Бојан Круљ, ова е натпревар на сезоната, со оглед дека двата тима во пресметката влегуваат со ист број на бодови.
Круљ вели дека овие две недели биле искористени за искоренување на грешките кои се појавила во првите кола во пролетниот дел.
„Овие две недели ги искористивме колку што можевме бидејки имавме доста репрезентативци . 7 – 8 фудбалери не беа со нас, беа со националните репрезентации. Се потрудивме тие грешки кои ги воочивме претходно, да ги отстраниме. Работнички е екипа која има ист број бодови како и ние. Овој натпревар за нас е натпревар на сезоната и доста важен за нас и мислам и се надевам дека фудбалерите во недела ќе бидат во вистинската смисла на зборот.Во однос на притисокот јас мислам дека сме иако сме млада екипа играчите се свесни за важноста на мечот, имаме неколку искусни фудбалери кои го имаат поминато тоа во кариерата. Но тоа е нешто добро, за да играчите тоа го поминат низ тоа, за да се развијат и како играчи како личности“, вели тренерот Круљ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА