Круљ: Гостивар е тежок противник, но Брера оди на продолжување на победничката низа

По одличниот старт на пролетниот дел од сезоната и двете едноподруго победи, АП Брера денеска во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига гостува на Гостивар во желбата за продолжување на победничката низа.

Тренерот Бојан Круљ е свесен дека струмичани ги чека тешка задача во Гостивар, но се подготвени за новиот предизвик.

„Не очекува тежок натпревар против еден навистина квалитетен тим. Се обидувам да ги одржувам момците на земја, и да им укажам дека се уште ништо не сме направиле. На добар пат сме да ја продолжиме победничката низа. Против секоја екипа сакаме да играме отворен фудбал и да одиме на победа. Се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло. Не чека тежок меч, но подготвени сме да дадеме се од себе и да се обидеме да дојдеме до нова победа“ – вели Круљ.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
Гостивар: ГОСТИВАР – АП БРЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ

Се вчитува...