„Крваво коло“ во Првата лига: Дури шест црвени картони на пет меча (ВИДЕО)

Вкупно само девет погодоци во шест натпревари од 16. коло од Првата македонска фудбалска лига и дури и шест црвени картони.

„Крваво коло“ денеска на натпреварите во елитното друштво. Дури шест исклучувања на пет натпревари, од кои дури по два црвени картони на натпреварите во Струмица меѓу Академија Пандев и Брегалница, и на дуелот во Автокоманда каде Шкупи славеше со 1-3 против Скопје.

Во Автокоманда црвени картони заработија фудбалерите на Скопје, Зепата во 68. минута и Дино Најдоски во 76. минута поради непромислени стартови…


Во Струмица, пак две исклучувања во првото полувреме. Бихорац беше исклучен кај Академија Пандев по добиен втор жолт картон…

Најстрого исклучување на денешните натпревари, се чини доби Дарко Додев од Брегалница кој откако доби жолт картон во 43. минута реагираше на таа судиска одлука со отфрлање на шише вода и доби црвен картон.

Црвен картон имаше и во Велес. Во 75. минута втор жолт картон заработи Ермедин Адем, па Македонија ЃП игра со фудбалер помалку, а во последните 15 минути од натпреварот против Шкендија во Тетово со играч помалку играше и Пелистер по вториот жолт картон на Филип Бошковски.

Играчката надмоќ на терен Шкендија умешно ја искористи и со голот на Јан Кривак во 84. минута дојде до втор гол за победа на мечот.

 

Се вчитува...