Кубица во Унгарија ќе го тестира болидот на Вилијамс

Тимот на Вилијамс го одбра Роберт Кубица да да го тестира болидпт на дводневната сесија на патеката „Хунгароринг“ во Будимепшта. Полскиот возач се надеваше дека ќе добие едно од двете места во тимот пред поќетокот на оваа сезона, но во британскиот тим на крај се одлучија да го ангажираат неискусниот Русин, Сергеј Сироткин.

Сезонските тестови на „Хунгароринг“ ќе се одржат на 31 јули и на 1 август, еден ден по завршувањето на трката за ГН на Унгарија.

Кубица и понатаму се надева дека ќе се врати како титуларен возач во Формула 1, по катастрофалната несреќа во Италија od 2011 година по која му требаше долго време да се опорави

Се вчитува...